Град Скопје има нова омилена фирма за јавна набавки. За помалку од една година биле склучени осум договори со Друштво за градежно-занаетчиски работи, трговија и услуги ТЕРРАКОН ДООЕЛ, објавува ТВ АЛФА.
Ова и не би било толку чудно доколку Градот и средните училишта под негова надлежност не беа единствените институции кои се муштерии на оваа компанијам која за прв пат склучила договор за највна набавка во ноември лани, претходно никаде ја нема во системот.
Освен Градот директно, муштерии им станале и повеќе средни училишта – Марија Кири Склодовска, Димитар Влахов, Георги Димитров, Корчагин…
За една година тие со оваа фирма договориле набавки во вкупна вредност оод над 53 милиони и 320 илјади денари со оваа фирма.
Но, уште поинтресно е анализата на договорите, како и на цените.
Иако основната дејност на ТЕРРАКОН е градежништвото, тие ќе испорачуваат спортска опрема.
Во последните две рамковни спогодби стои дека Градот, на пример за мрежа за обрач на кош ќе плати дури 1.652 денари иако едноставно пребарување на интернет покажува дека таа вообичаено чини 300 до 500 денари.
За маса за пинг понг Скопјани преку градскиот буџет ќе платат речиси 55 илјади денари, иако во продавница за спортска опрема тие се продаваат за 20 до 30 илјади денари.
За душек за физичко ќе бидат платени дури 31.624 денари, а ќе се купуваат и јажиња за скокање, јажиња за вежбање, за 1 до 2 илјади денари, професионални фудбалски топки за речиси 7 илјади и 700 денари.
Градот ќе набавува и машки и женски тренерки од брендовите Adidas, Nike, Puma, Under Armor, Champion по цени од 14 па до над 18 илјади денари за парче.
Ќе се купуваат и женски и машки спортски маици со, како што стои во набавката, модерен и современ дизајн, кои ќе чинат 5 до 6 илјади денари по парче.
Даночните обврзници ќе платат и за патики Adidas, Nike, Puma, New Balance кои чинат 14 до над 18 илјади денари.
Дополнително Градот ќе плати и за печатење на логоа на маиците и тренерките и тоа по 1.180 денари за секое парче.
Алфа побара став од Град Скопје како и зошто биле склучени овие рамковни спогодби, но оттаму не добивме никаков одговор.
Инаку фирмата ТЕРРАКОН ДООЕЛ е формирана пред точно шест години, регистирана е во Ценар, а телефонскиот број кој го најдовме на интерент е непостоечки.
”Избравте непостоечки број”
Според јавно достапните инфромации фирмата лани имала добивка од само 13 илјади денари, а во 2023-та од речиси чеитири и пол милиони денари. Во 2022-та, пак, профитот им бил нешто над 305 илјади денари.