На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање.
-Честта е одгромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последните черити години. Тоа за нас претставува и одговорна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа и од проектите кои ги направивме изминатите четири години, рече Мицкоски.
Во обраќањето тој потенцира дека вредноста на една личност не се состои од зборовите туку од делата, не од памфлетите, туку од енергијата вложена за постигнување на успех.
– Образот и честта се најскапата работа која може да се задржи и за која нема манипулации, лажења ниту неискрен однос. Поважно од сè е стоечки исправено со гордо крената глава да кажеме дека поминавме низ еден тежок период, каде во исто време ги вадевме општините во бездната во која беа, последно долгогодишно запоставување и решевавме проблеми на граѓаните, рече Мицкоски.
И додаде дкае од тие четири години, три години секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаше централна Влада која немаше слух и имаше други и поинакви приоротети на чија листа не беа локалните проблеми на граѓаните.
-Со сопствени сили и без партнерски однос со Владата, општините и градоначалниците ги решаваа проблемите. Минувавме сами без помош каква треба да има од сопствената Влада. Низ секоја непогода, поплава, пожар, блокирани сметки какви затекнаа по последните локални избори. Измамени граѓани, додаде тој.
-Програмата која ја ветивме во најголем дел вие ја остваривте, потенцира Мискоски во обраќањето на Саем-Отчет.