Американската актерка и поранешна манекенка Џери Хол (62) се омажи во март 2016 година со австралискиот медиумски модул Руперт Мардок (87), а сопружниците и по две и пол години брак, уживаат во љубовта како првиот ден.
За време на празниците, тие беа фотографирани на плажа во Барбадос, каде што уживаат во капење и сончање.
Џери Хол му помагаше на 25 години постариот Руперт да излезе од вода, и потоа со книга во раце да се одмори под “дебела сенка”.
Инаку, Хол беше 22 години во брак со Мик Џегер (75), со кого има четири деца, а била и во врска со Брајан Фери.
Мардок три пати бил оженет пред Џери и има шест деца.