Кога политичарите немаат идеи, немаат програма и немаат што да понудат, тогаш единственото што им преостанува е да шират лаги и конструкции. Токму тоа денес го прават Узаири и Таравари, надевајќи се дека со извртување на вистината ќе ја сокријат својата политичка немоќ и фактот дека нивната единствена партија се криминал, пари и тендери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која понатаму стои:
Наместо Узаири да лаже, нека има храброст да признае една вистина: неговиот лидер Арбен Таравари на еден состанок јавно изјави дека во политиката е само за профит и дека не му е гајле што Гостивар се дави во ѓубре. Тоа се неговите зборови, тоа е неговата вистина, тоа е неговиот политички лик.
Тоа е клика која е уценета од ДУИ затоа што се фатени во катастрофални зделки преку лица блиски до ДУИ од соседна земја. Тоа се профитери на грбот на чесните Албанци и срам за албанските херои и семејствата кои чесно сакаат да живеат и работат во својата земја Македонија.
Нека им објасни Таравари на своите гласачи за куќата во Тафталиџе, па потоа и за зделките со паркинзите и за уште некои други афери кои засега нема да ги споменеме, а се дел од клуарските стории за неврологот кој, слично како еден негов колега неврохирург и марионета на семејството од Струмица, е во скутот и на Ахмети и склони кон хедонизам и луксузирање.
Суштината е јасна, политиката на Таравари и компанија не е за граѓаните, не е за интересите на Албанците или на Македонија, туку само за лични сметки и профит. Затоа и ги менуваат партиите како кошули, секогаш барајќи нова прилика за лична корист.
ВМРО-