Модното списание „Вог“ ја назначи Клое Мал за нова главна уредничка на американското издание на списанието, откако Ана Винтур, која го водеше списанието повеќе од една деценија, се повлече.
Според американскиот „Си-Би-Ес њуз“, Мал се приклучи на „Вог“ пред 14 години и додека не беше назначена на позицијата главна, таа беше уредничка на онлајн изданието на списанието, како и водителка на подкастот наречен „The Run-Through“, неделна програма за мода и култура.
„Возбудена сум што објавувам дека Клое Мал ќе биде новата главна уредничка на нашето американско издание, водејќи го американското списание и режирајќи го неговото дигитално издание“, изјави Винтур во соопштение објавено на веб-страницата на „Вог“.