Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема порака за рускиот лидер Владимир Путин, додавајќи дека Путин го знае неговиот став. Тој исто така додаде дека наскоро има намера да разговара со рускиот претседател.
„Немам порака за Путин. Тој го знае мојот став и ќе донесе одлука на еден или друг начин. Каква и да е таа одлука, или ќе бидам задоволен со неа или не, ќе видиме“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Тој рече, осврнувајќи се на сопствената изјава за „заговорот на Русија, Кина и Северна Кореја“ против САД, дека има добри односи со сите тројца лидери. „Имам добри односи со сите нив. За една или две недели ќе видиме колку се добри“, рече Трамп за време на состанокот со полскиот претседател Карол Навроцки во Белата куќа.
Порано денеска, рускиот претседател изјави дека Москва ја гледа искрената желба на администрацијата на Трамп да најде решение за украинската криза.