Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска се дружеше со пензионерите од клубот „Цветан Димов“ при Здружението на пензионери Кисела Вода.

-Со внимание ги слушав нивните приказни и искуства, а тие изразија голема благодарност до сегашниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и нагласија дека е потребно да се продолжи со истата енергија и динамика.

Нашите пензионери го изградија нашето општество со својот труд и посветеност и секогаш заслужуваат почит, внимание и достоинствен живот, објави Стаменкоска Трајкоска,