Владо ЈОВАНОВСКИ
Денес осми септември, е’ ден на независноста на Р. Македонија! Календарски требаше да биде втори август. Заради континуитет на славните Илиндени. Но, “требаше” е минато свршено време.
Така ќе беше, ако тогаш земјата не ја водеа одродени бандити, анационални амеби – профитери, чии папоци беа сечени во туѓи центри на моќ. Како што го одолговлекуваа прогласувањето на државноста, така се тегнеа со воведувањето на национална валута, додека режимот на Милошевиќ од север, со камиони внесуваше безвредни динари, а изнесуваше девизи од црниот пазар. Се срамеа и протестираа против македонската химна. Направија фаличен Устав, без доволна застапеност на Албанците и другите етнички заедници, за потоа да ни се случи 2001 година.
Душмански го разграбија општествениот капитал и оставија стотици илјади луѓе на улица. Ни ја залепија “привремената” референца. Го сменија државното знаме, а народот го лажеа дека “Стариот лисец”, намерно го ставил тоа знаме (Сонцето од Кутлеш), за со Грците да го трампа за името. Ни име сочува,а ни бутур. Се’, што допреа, пепел сторија – “државотворците”. Уставот го менуваа, ама под притисок – со капитулација.
Името го сменија со инсценирани и добро подготвени настани на 27 април 2017. Кога без 61 глас формираа парламентарно мнозинство. Без записник од седницата. Со пуч. Претходно, со монтирани и нелегално прислушувани материјали, направија незадоволство и гнев изразени преку шарената “револуција”. Во Нивици потпишаа промена на име, а со тоа и на идентитет. Затвораа пратеници, за после да ги ослободуваат под уцена за нивните гласови во парламентот.
Потпишаа капитулански договор со Бугарија, кој не’ става во подредена положба. А во меѓувреме продолжија да си го товараат бродот и доразграбија се ‘, оставајки ја државата пред банкрот. Вгнездени во сите институции и во сите пори на општеството, како пајакови мрежи. Интервенираат и се мешаат во туѓи животи и судбини, зли души низаедни, одродени.
Ако не одговарате на овој свет, ќе одговарате на ОНој!
Честит да е Денот на независноста на Р. Македонија на сите, освен на предавниците и кодошите!
А Македонија ќе живее …
Штом ве издржа и ве издржува вас, ќе преживее и ќе ве надживее. Како што ќе не надживее и сите нас! Борбата за независна и суверена Македонија продолжува!
Чесен да е патот!
Да живее Македонија!