На магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар вчера го лишиле од слобода П.Д. (26) од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот – „безобѕирно управување на моторно возило“.