Со години, граѓаните гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража и им обезбедуваше столче. Оваа ера е завршена, се истакнува во соопштението од коалицијата на партиите на Албанците во Македонија, ВРЕДИ.
Во продолжение целото соопштение:
Со одлуката на Владата, еден од лидерите на ВРЕДИ, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Ова е највисоката институција што ќе гарантира дека никој нема да може да го задржи имотот стекнато преку корупција и криминал.
За прв пат, Албанците го водат механизмот што им го зема имотот на крадците и го враќа за јавен интерес. Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ВРЕДИ, им го конфискува имотот.
ДУИ/НАИ викаат за „српски свет“, но нивниот единствен свет е оној на корупцијата и нередот што го оставија зад себе во секоја општина. ВРЕДИ никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го поткопуваат евроатлантскиот пат. Ние сме членки на НАТО и меѓународните извештаи како што е Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан се сериозно предупредување за нив.
Накратко, тие врескаат за власт и бараат начин да избегаат од корупцијата што ги зафатила. Ние дејствуваме за граѓаните, ги оживуваме општините и ќе го вратиме украденото богатство на оние што му припаѓаат: граѓаните.“