Министер за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и тимот од Завод и музеј – Струмица извршија увид во реконструкцијата на Старата чаршија во Гевгелија – културно наследство од XIX век.
Со инвестиција од над 40 милиони денари, проектот опфаќа реставрација на дуќаните, ново поплочување, урбана опрема, осветлување и подземни инсталации, објави министерот Љутков.
Чаршијата ја зачувува својата автентичност и ќе стане современо културно-туристичко јадро, атрактивно за сите посетители.