Пожарот што вчера избувна во магацин за отпад во скопската населба Трубарево е ставен под целосна контрола, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Според него, активно горење повеќе нема, но сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот на затрупаните делови, а останува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина.
Ангелов објави дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на скопските пожарникари и добро организираната акција, успеале да спасат неколку објекти чии дворови, но и самите објекти, биле полни со пластичен отпад.