Изминатите денови во општина Аеродром се организираат протести пораги пожарот на дивата депонија „Вардариште“, а како организатор на истите се јавува член на СДСМ, објави Курир.

Според информациите на Курир организатор на протестите за депонијата „Вардариште“ е Марко Данилоски од СДСМ, кој што во времето на Борче Георгиевски беше вработен во општина Гази Баба.

Printscreen
Printscreen

Пред неколку денови гореше депонијата „Вардариште“, при што беше предизвикано загадување на воздухот, особено во вечерните часови кога мирисаше на изгорена пластик.

Пожарот изгаснат и ставен под контрола, а постои сомнение дека истиот бил подметнат.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека утринава во 07.30 часот ќе одржи протест со блокада на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба, објави МИА.

– Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во тек на вечерните часови