Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага.
Ова се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое подолу го објавуваме во целост:
Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари пак се на народот.
Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.
Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари.
Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот.
Едно е јасно раководството на Левица, или Апасиев и Мециновиќ пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните граѓани.
Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози или само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери, едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго.