Германците се меѓу нациите кои со задоволство плаќаат данок со цел финансирање јавни добра, се нагласува во истражување на Institute of Commons and Economics од Базел направено за ОН.

– На скала од 1 до 10, при што 10 е највисоко ниво на прифатливост за плаќање даноци, Германија е со највисока вредност од 7,0, јавија германски медиуми.

Според нив, граѓаните на балканските држави без желба плаќаат даноци.

Најниска вредност е регистрирана во Македонија (3,2), Црна Гора (3,9) и Србија (4,1).

Институтот во Базел истражувањето го спровел во изминатите три години во 141 држава. Целосните резултати ќе бидат објавени во март.

Германската Влада забрзано работи на подготвување анкета за изјаснување на Германците за тоа дали се задоволни со сегашните стапки за даноци. Врз основа на тие резултати, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Олаф Шулц треба да подготви реформа на германскиот даночен систем.