ВМРО-ДПМНЕ со скоро 4 пати предност пред СДСМ, сите партии заедно со 50 отсто помал рејтинг наспроти ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го потврдуваат резултатите на најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје спроведена во пресрет на локалните избори, соопштени во најновата емисија „Објектив“.
ВМРО-ДПМНЕ е убедливо водечка партија со поддршка од 29,8% од испитаниците, што претставува речиси четири пати повеќе во однос на СДСМ, за која само 8,5% од анкетираните сметаат дека ќе добие поддршка.
Зад нив следат Националната алијанса за интеграција со 7,8%, коалицијата ВРЕДИ со 7,3%, Левица со 3,8% исто како и независната листа и ЗНАМ со 2,8 проценти.
Доколку се соберат процентите на сите останати партии од анкетата, нивниот вкупен рејтинг останува за околу 50% понизок во споредба со поддршката што ја добива ВМРО-ДПМНЕ.