Претстојните локални избори во земјава, регионалните настани и иницијативи, како и геополитичките настани во Европа и светот, беа само дел од темите на денешната средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин.
Како што информира Кабинетот на Гаши, соговорниците се заложија за интензивирање на контактите и соработката на парламентарно ниво на сите нивоа.
Претседателот на Собранието се заблагодари за унгарската поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, истакнувајќи ја и финансиската помош на Владата на Унгарија која се вложува во подобрување на инфраструктурата и напредок на капиталните проекти.
Амбасадорот Клеин се заблагодари за средбата и му врачи покана на Гаши од претседателот на Националното собрание на Унгарија, Лало Ковер, за Конференцијата на претседатели на земјите на Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будимпешта во ноември.
Претседателот на Собранието, Гаши се заблагодари за поканата и ја истакна Конференцијата како можност за средби и размени на мислења со унгарскиот колега и хомолозите од Југоисточна Европа, како форум во полза на развој на мултилатералната и билатералната соработка, како и напредок во процесот на интеграција во Европската Унија за земјите кандидати.
МИА