Во денешната реакција кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели: “Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт”.
Ова значи дека Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија. Сака овие Роми да продолжат да палат кабли и друг токсичен отпад предизвикувајки дополнителни пожари во депонијата Вардариште со што го трујат цело Скопје. Сака узурпација и небезбедни дивоградби на државно земјиште.
Чисто како информација, би било убаво кога Шукова би позборувала со претставници на неколкуте здруженија на граѓани кои се борат против загадувањето кое се шири од дивата депонија Вардариште. Притоа нека ги запраша колку пати вербално и физички се нападнати од лица кои најверојатно живеат во дивата населба во Вардариште.
За крај, јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам “преживувањето” на неколку десетина ромски семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади граѓани на Скопје кои секојдневно вдишуваат отрови настанати од согорување на кабли и друг токсичен отпад. Бидејки, за мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните секогаш се на прво место.