Не им успеја декласификацијата на документите од следењето и обработката на Мицкоски, Николоски, новинарите и бизнисмените, па „свртија“ на пожари за да ја дефокусираат јавноста од скандалот кој ја потресе Македонија, посочи во „За или против“ безбедносниот експерт и поранешен началник во МВР Љубомир Ѓурчески.

Премногу е јасно дека пожарите се со две цели – правење фама во недостиг на програма пред локални избори и ширење магла од СДСМ и ДУИ за да се пренасочи вниманието на јавноста во друга насока за да се заташка мега-аферата со следењето. Ѓурчески објаснува дека целта им беше „декласификација на следењето“ за да доказите не можат да се искористат на суд, стара финта која не им успеја. Вели, работата со „декласификацијата“ за која толку запнаа СДСМ беше едноставна – како тие материјали да се направат нелегални и неупотребливи во постапката, со што би се уништил случајот на суд за да виновниците (СДС/ДУИ) ја избегнат правдата.

На прашањето на новинарот Љупчо Цветановски за очигледната симптоматичност на разгорувањето на пожарите во истиот момент кога се „разгоре“ аферата за најновото прислушкување, Ѓурчески вели дека целта на таа структура која вечито е во создавање на тие афери и лепење на етиките е повеќе од јасна.

-Целта е ставање на „пепел“ на сите афери т.е. случаи кои не им одат во прилог. Јас ќе ве потсетам, пред оваа афера за следење поради Бугарскиот и Преспанскиот договор, ајде да се вратиме на 2017-та, што стана со следењето комуникациите и телефоните во Јавното обвинителство? Овој случај, сите го „заборавија“. Знаете што значи да прислушкувате јавни обвинители? Потоа истите ги имате „во џеб“. Потоа следи уцена, закана и рекет на истите, посочи поранешниот началник во МВР, кој вели дека ова афера го објаснува молкот на јавните обвинители и неагилноста во случајот со прислушкувањето, чии докази веќе два месеци се кај нив. Истото се случува со сите забошотени случаи и кривични дела на челниците на СДС/ДУИ чија документација фаќа прашина по фиоките во ЈО.

Пожарите се терористички акт, оценува Ѓурчески, диверзии кои потекнуваат од нивните центри кои се користат со субврзивни акти за да предизвикаат страв, паника и неизвесност кај граѓаните.

-Нив не ги интересира Македонија, не ги интересира успехот на оваа држава или благодетот за Македонците, притоа мислам на сите македонски граѓани, нив ги интересираат само нивните лични бизнис интереси, кои одат дотаму што – еве не сакам да се правам Баба Ванѓа, ама ајде да видиме што ќе покаже истрагата во Дрисла? Да не испадне дека некој од „внатре“ е специјално испратен за да ја изврши таа диверзија, јас слободно ќе ја наречам така, се’ со цел да предизвика страв и паника кај граѓаните. Факт е дека има загаден воздух, факт е дека така дувна ветрот и дека недела дена чадеше и сите не држеа во неизвесност и  нормално е што сите сме чувствувале и страв и несигурност, но тие го постигнаа ефектот – имаа седум дена да верглаат, секој ден и ја прикрија својата најголме белја – а тоа е нивното незаконско следење на лидерот на опозицијата, новинари и бизнисмени, потенцираше безбедносниот експерт во интервјуто во ТВ Алфа.