Вчера во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра.

Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатили од Скопје да направи таа да земе пензија.

Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите, соопшти МВР.

Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.