Локализиран е пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) со три противпожарни возила и девет пожарникари.