Есенва ќе почне подготовката на наставниците за проектот „Школи на 21 век“ што треба да стартува од јануари 2026 година. Тие, како што информира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе ги учат алатките на вештачката интелигенција (АИ) и сајбер безбедноста во наставата, како и примената на кодирањето.
Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“, оцени дека АИ во јавниот сектор се уште се користи спорадично.
Кон крајот на есента ќе почнеме со работа со наставниците, а во почетокот на јануари и со школите, најпрво во руралните средини. Паралелно, што се однесува на АИ, ја носиме националната стратегија на ИКТ. До крајот на есента мислам дека ќе помине на Влада. Еден од клучните столбови е АИ што значи дека ќе имаме специјален акциски план и рамка за нејзино прифаќање прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот, истакна Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“.
Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.
Според Државниот завод за ревизија, напомена министерот, имало десетина проекти со употреба на АИ во јавниот сектор.
Тоа не е нешто што е систематски. Јас лично повеќе претпочитам вистински да се користат алатките на машинско учење и АИ во работата, отколку од тоа да се прави само ПР, подвлече Андоновски.
Првата пилот фаза на проектот „Школи на 21 век“ покажала дека наставниците биле многу задоволни од функционирањето, а пристапот бил приемчив и за учениците, покажал проектот за сајбер безбедност кај младите и подигнување на свесноста за ризиците на интернет.
Мислам дека се подготвени и наставниците и учениците полека, алатка по алтка да стигнат до целосна употреба на АИ, но одиме чекор по чекор, рече министерот Андоновски.