Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако упаднат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска.
– Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск на новинарите во Шераковице во Померанијанското војводство.
Сепак, тој предупреди дека во нејасни ситуации треба добро да се размисли пред да се донесе одлука. Како пример, наведе дека минатата недела два руски МИГ-а ниско прелетале над полската нафтена платформа Петробалтик на Балтичкото Море, го нарушиле ветото за летање над платформата, но не го повредиле воздушниот простор на Полска.
Во таков случај, „мораме да се консултираме со сојузниците“, рече Туск, бидејќи „Полска мора да биде стопроцентно сигурна дека и нејзините сојузници гледаат исто“ на конкретниот случај, за „да не бидеме сами ако конфликтот ескалира“.
Тој рече дека продолжува потрагата по остатоците од руските дронови кои во ноќта на 10 септември навлегле длабоко во воздушниот простор на Полска. Туск додаде дека „Русите не кажале колку ги имало“, а досега е утврдено дека ниту еден од пронајдените не бил вооружен, па не можел да предизвика штета.
Фото: архива