Венко Филипче и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.
Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење.
Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите на СДС вработија 70 партиски војници во оваа институција. Затоа на ваквото ширење на паника од СДС гледаме како сценарио за кревање на паника слично на палењето на депониите во Скопје од кое што ќар имаат само СДС за да ја покријат безидејноста и неспособноста.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Архива