Почеток на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк – најважниот мултилатерален форум кој секоја година ги обединува светските лидери, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во предизвикувачки геополитички контекст, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова во наредните денови ќе имаме обраќања, состаноци и бројни билатерални средби. Цврсто ги застапуваме позициите на државата, водејќи сметка за националните интереси и нашата конструктивна улога на глобалната политичка сцена, истакна Муцунски.