Христијан МИЦКОСКИ НА ФБ

Денеска остварив средба со Н.Е Амбасадорот г-дин Метју Лосон на која со задоволство ја прифатив поканата од премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кир Стармер, за учество на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи овој октомври во Лондон.

Самитот е важна можност за потврдување на заедничката посветеност кон безбедноста, стабилноста и економскиот развој на регионот и Европа.
Македонија и Обединетото Кралство се докажани партнери и НАТО-сојузници, а оваа година дополнително ги продлабочивме односите преку Стратешкото партнерство и Договорот Влада со Влада.

Очекувам успешен и конструктивен Самит во интерес на граѓаните и регионот.