Трамп најавува „нешто посебно“ во преговорите за Блиски Исток

/ 28.09.2025

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои голема веројатност конечно да се направи „нешто големо“ на Блискиот Исток, но не прецизираше за што станува збор.

„Сите сме тука за да направиме нешто посебно, за прв пат. И ќе го направиме тоа“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“.

Трамп претходно им кажа на новинарите дека Израел и Хамас се блиску до постигнување „некаков вид договор“ за потенцијално примирје, но не даде детали.

Трамп утре треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ја предводи крајно десничарската владејачка коалиција која се противи на прекинувањето на војната во Газа сè додека Хамас не биде уништен.


Од истата категорија