Две третини од унгарските граѓани не поддржуваат забрана за увоз на руски енергетски ресурси, покажува анкета на агенцијата „Сазадвег“.

Според резултатите, ставовите се поделени според политичката припадност: 59 отсто од симпатизерите на опозициската партија „Тиса“ би прифатиле забрана дури и по цена на драстично поскапување на енергенсите, додека 96 отсто од поддржувачите на владејачката партија остро се противат на таков потег.

„Поголемото мнозинство на поддржувачите на коалицијата ФИДЕС-Христијандемократи ја поддржуваат владината прагматична позиција и не би ги прекинале трговските врски со Русија,“ наведува агенцијата.

фото: пиксабеј