Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денес го пречека министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Македонија.

Facebook/Vlado Misajlovski

-Денеска заедно со министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Министерството за одбрана, разговаравме за значењето на безбедноста, мирот и стабилноста за нашите граѓани, нашите земји и целиот регион.

Facebook/Vlado Misajlovski

Го зајакнуваме партнерството и довербата во областа на одбраната, вклучително и преку учеството на питомци од Босна и Херцеговина во нашата Воена академија.

Facebook/Vlado Misajlovski

Соработката што ја градиме покажува дека отворениот дијалог и заедничките иницијативи се клуч за сигурна и мирна иднина за граѓаните на двете земји, пишува во својата објава на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.