Во електронското издание на дневниот весник „Нова Македонија“ започнат е нов проект со наслов „Гласот на револуционерите повторно се слуша!“.

Со овој проект весникот, на своето електронско издание, започна серија видеа посветени на македонските револуционери.

Преку нивните мисли и визии, велат раководните лица на весникот и проектот, сакаме да ги оживееме идеалите за кои се бореле – македонска држава, слобода, македонски јазик, достоинство… за да не потсетуваат на вредностите кои и денес се наши водилки.

Тоа ќе бидат серија куси видео-клипови на „оживеани“, колоризирани, оригинални фотографии на нашите дејци, со помош на новите технологии, на кои им претходело долготрајно истражување низ историските архиви, за да се обезбеди што поголем степен на автентичност.

Следете нè, секој понеделник и четврток ќе објавуваме ново видео, порачуваат од весникот, а ќе настојуваат, секое видео да биде проследено и со текст за актуелниот револуционер.

Во понедленикот беше објавено првото видео од серијата – зборовите на Гоце Делчев. Тие зборови и денес звучат како силен повик за единство и верба во нашата Македонија. Нека одекне гласот на нашите револуционери и денес!, порачува „Нова Македонија“

Следниот дел од проектот ќе биде објавен утре.