Курир дознава дека се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога.
Од МВР за Курир велат дека се вршат претреси на повеќе локации, а детали најавија за утре.
-Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден, велат од МВР за КУРИР.
Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин.
Првичните информации укажуваат дека се разбива нова група што делувала на подрачјето на Скопје, што уште еднаш ја потврдува решителноста на актуелната администрација да ја исчисти земјата од уличниот и организираниот криминал.