Станицата „Лизиба“ во Чонгкинг, Кина, е веројатно единствената железничка станица во светот сместена сред станбена зграда. И тоа, таа се наоѓа меѓу шестиот и осмиот кат на 19-катната зграда – и, според многумина, навистина е неверојатно да се гледаат возовите како минуваат низ „утробата“ на облакодерот.

Возот бил планиран кога самата зграда била изградена. Шините, притоа, биле провлекувани низ постоечкиот облакодер, иако често се верува дека е поинаку. И, неверојатно, но вистинито – жителите речиси и да не слушаат бучава благодарение на одличната изолација. Станицата Лизиба е омилена атракција во Чонгкинг, а покрај гледањето на возовите или самото возење во нив, посетителите доаѓаат во туристичкиот центар и заради изложби, прочетки, сувенири.

Сместен во планините на југозападна Кина, кинескиот град Чонгкинг – поради својата посебна географска местоположба, немал простор да расте никаде освен нагоре, што и резултирало со неговата чудна архитектура. Обичното урбанистичко планирање не било можно, па градот прераснал во повеќеслоен лавиринт. За туристите, па дури и за некои тамошни жители (од 32 милиони кои живеат таму), истражувањето на Чонгкинг и лутањето по неговите улици се најголемите знаменитости.

Кинеските нејмари кои градат импресивни градби, автопати, мостови и друго, во Кина и во други земји, поранешната власт во Македонија, предводена од Зоран Заев, ги обвинуваше за лоши изведби на автопатот Кичево – Охрид. Приврзаниците на Заев, заслепени од власта што ја освоија со шарената револуција, често пати со потсмев пропагираа дека кинеските градители „погрешно ги продупчиле“ и тунелите кон Охрид.

Фото: Јутјуб, фотоисечок