Љупчо Коцевски и ЈО да истражат дали газдата на дискотеката Пулс ја платил казната од 40.000 евра за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат. Доколку дискотеката Пулс не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од ЈО и да се истражи целиот случај, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конфернција на Викторија Андоновска, што го пренесуваме интегрално.
Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла.
Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката Пулс, а не долг и неефективен процес кој ќе резултира со пародија на системот.
Ако Љупчо Коцевски има за цел да ги заштити високите претставници на СДС како тогашна власт и да ја унакази правдата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Секој поединечен сомнеж мора да биде истражен и обелоденет. Одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ