„Мислам дека самиот граѓанин ќе процени. Османи и Груби беа на власт осум години и нема проект за Чаир. Тие не можат да кажат дека спровеле еден проект, добар за Чаир. Напротив, во 15-те месеци додека бев вицепремиер, издвоивме 100 милиони евра инвестиции за оваа општина“, изјави кандидатот на ВРЕДИ за општина Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Хајде Фласим“ на ТВ21.
Меџити спомена некои од конкретните проекти што се започнати за време на неговиот мандат: Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“, проект што е започнат; Плоштадот „Скендербег“ и Старата чаршија, инвестиција од 25 милиони евра, во постапка, а камен-темелникот се очекува за две-три недели.
Тој понатаму одговори на критиките на Бујар Османи.
– Слушнав дека ова е „злоупотреба на управувањето“. Прво велеа дека немаме тежина во владата, сега велат дека го злоупотребуваме управувањето. Ако овие инвестиции се наречат злоупотреба, тогаш велам дека ќе го „злоупотребиме“ ова управување уште повеќе, но само во интерес на граѓаните, нагласи Меџити.
Соопштение од ВРЕДИ
Фото: ВРЕДИ