Ветивме дека ќе го вратиме достоинството на нашиот град, заедно тоа и го направивме. Од општина со долг од 16 милиони евра, блокирани сметки, јавни претпријатија пред колапс, со чесна работа и домаќински долгот беше вратен, општината одблокирана, претстана полнењето на јавната администрација. Од тој момент Охрид почна да се гради…Изградбата на Охрид ќе продолжи и во наредните четири години со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела. Тоа вечерва од завршниот предизборен митинг го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.

Пецаков рече дека гордо и исправено повторно се бара довебата од охриѓани, притоа наведувајќи дел од проектите кои што следат во иднина, како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите граѓани на Охрид.

– Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги, рече меѓу другото Пецаков.

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.

– Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ.  Продолжува поддршката на нашите фестивали „Охрид Ватер Фестивал“,„ Вино Фест“, „Џез Фестивал“, „Коктел Фест“, рече Пецаков.

Свое обраќање имаше и генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, кој потсети на ветувањата за изградба на враќање на гордоста на Македонија, што како што рече се покажа дека не е само празен збор, туку е завет.

Според него, патриотизам денес е кога ќе се испорача за својата држава, за својата улица и општина.

– Патриотизам е кога ќе испорачаш проекти. Тука во Охрид имаме човек кој покажа со дела како се сака Охрид, тоа е Кирил Пецаков. Тој во наредните години ќе продолжи само со позасилено темпо, рече Сајкоски.

Тој зборуваше за испорачаното од Владата за само година и половина, исчекор каков што не направила ноту една претходна владина гарнитура.

– Оваа Влада направи економски раст, донесе нови инвестиции, работи на подобрување на инфраструктурата.  Ние одиме со дела, затоа одиме кон успеси. Затоа ветувањата дадени овде не обврзуваат, ветивме и напорна работа за локалната самоуправа Владата испорача и за општините и за сите сфери на општественото живеење, истакна генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

Фото: МИА