Она што на овие локални избори беше најголемо изненадување, а кај некои можеби предизвика и смеа е резултатот од изборот за градоначалник во општина Арачиново.
Имено, во Арачиново имаше тројца кандидати за градоначалници: Скендер Исуфи од Националната алијанса за интеграција, Даут Беќири од Коалицијата ВРЕДИ и независниот кандидат Фекри Бакиу.
Изборите во оваа општина уште во првиот круг ги доби кандидатот од Коалицијата ВРЕДИ, но „ѕвезда“ на овие избори во Арачиново е независниот Фекри Бакиу кој освои неверојатен само еден глас – можеби рокордно најнискиот број на освоени гласови досега на било кои избори.
Веројатно е дека на изборите гласал самиот за себе.