Владимир Темелковски, син на Зоре Темелковски и брат на екс-градоначалникот на СДСМ, Филип Темелковски, со критичка анализа по вчерашниот поразителен резултат.
-Скопје 4-то за малку 5-то место. Скопските општини пораз 3:1 некаде разлика по 10.000 гласови. Штип, Битола, Велес, Кавадарци, Охрид пораз 4:1. Струмица по 20 години пораз. Куманово и Карпош 3-ти или 4-ти. Тотал пораз 10:1 од ВМРО-ДПМНЕ, пишува тој.
Потоа му се обраќа на претседателот на партијата чии функционери беа членови на неговото семејство.
-И ти по 7 години министерување во партијата и дел од неа како потпретседател и претседател искачаш на говорница и викаш ја
консолидираме партијата и трендот е позитивен, за кого за тие во Дубаи или за овие што ги фрли во оган да трчаат и да се финансираат и снаоѓаат сами. Секој во СДСМ што после оваа порака и пораз нема да повика на оставка на цело раководство не заслужува подобар резултат и можност за победа, напиша Темелковски.