ВМРО-Народна партија, чиј основач е Љубчо Героргиевски, им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина во претежно коректна и фер атмосфера, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија кое го пренесуваме интегрално.

ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа:

во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.

Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.

ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

Фото: архива