Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој посочи дека посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи и фотографии на кои се гледа како заедно се фотографирани кандидатот на Левица со кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, со што се потврдува нивната соработка.

“Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат кои што седат после изборите но и еден пратеник сликан во Собранието имаше заедно со претставник од ДУИ, тоа јасно говори во која насока се движат процесите”, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцираше дека уште од првиот круг е јасна поддршката која Левица ја имала од ДУИ.

„А ако се види состојбата по избирачки места тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до сигнал дека вие сте имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг“, заклучи Ѓорѓиевски.