Најмалку 64 лица, вклучувајќи четворица полицајци, се убиени во престрелка меѓу полициските сили и локална банда во Рио де Жанеиро.
Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено како дел од голема специјална операција во фавелите во северниот дел на Рио де Жанеиро, по што имало пукање.
Членовите на бандата одговориле на пристигнувањето на полицијата со огнено оружје, палејќи ги барикадите, а исто така лансирале и беспилотни летала со бомби кон полициските сили.
Полицијата спроведува операција против бандата „Црвена команда“, а во операцијата се вклучени 2.500 полицајци.
Станува збор за една од најстарите и најнасилните банди во Рио, која контролира неколку населби на север од градот.




