Во Скопје денеска ќе биде одбележана 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност.

На настанот ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Women.

Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на настанот ќе се реализираат две панел-дискусии посветени на националните искуства, и лидерството на жените во безбедносните институции и мировните мисии.