Викиликс ги повика медиумите да не објавуваат 140 разлчни наводи за неговиот основач Џулијан Асанж за кои тврдат дека се „лажни и клеветнички“. Не е јасно што ја предизвикала таа препорака до медиумите, но Викиликс го извојува Гардијан поради објавување лажни наводи за Асанж.
– Се шири клима на неточни наводи за Викиликс и за Џулијан Асанж вклучувајќи и измислици во големи и угледни медиуми, се вели во имејл на Викиликс. Во него се додава дека новинарите и уредниците имаат одговорност да ги проверат фактите и да не шират лажни наводи од листата што Викилкс ја доставил до медиумите.
Се потенцира за 140 „лажни“ наводи како што се тврдења дека Асанж бил „агент или офицер на разузнавачка служба“ односно дека работел за руската влада или дека бил близок до Русија, Кремљ или Путин. Викиликс негира наводи и за личниот живот на Асанж како што се дека тој ја фарба косата, дека е хакер дека не одржува хигиена и слично.