Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево се влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители, дознава Курир.

Неофицијално се работи за акција по пријава за земено мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД.

Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР по што преку “обележани” банкноти земањето мито било фатено на дело.

Апликантот е добро познат на јавноста – се работи за поранешен министер од Велешта во Владата на ВМРО ДПМНЕ во периодот 1998 – 2002 година