Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни работи. И навистина сето тоа делува помалку и комично, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат. Како што кажа градоначалникот за време на кампањата, тој вчера во рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Им благодарам на општествено-одговорните компании кои се вклучија во акцијата. Вчера беше навистина сето тоа убаво и една ваква робусна акција. Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање, како што беше случај, рече тој.
Мицкоски оцени дека ова беше политичка стратегија на опозицијата.
-Преку неработењето на претходната градоначалничка се нанесе штета пред се на Владата и државата и морам да признаам дека во одредена мера успеа со сето тоа. Но ние таа лекција ја научивме и затоа уште првиот ден ги засукавме ракавите и започнуваме од темелите или од под темелите. Така беше и во Владата кога дојдовме, така е и во градот. Мора да почнеме од под темелите па да дојдеме до површината, па потоа да градиме нагоре. Тоа новиот градоначалник го прави исклучително квалитетно уште од самиот почеток. Немате втора шанса за прв впечаток. Тука новиот градоначалник тоа ќе го оправда, рече Мицкоски.




