Од Јавното претпријатие Улици и патишта објавија дека се преземаат активности за чистење на коритото на река Вардар со механизација.

Од споделените фотографии и видеа од терен може да се забележи дека со механизација се чисти коритото од отпад, по најавената акција на новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓоршиевски.

-Рачно се отстрануваа насобраната пластична амбалажа и смет од косините на реката, а багери и останата механизација машински се чисти кабаст и земјан материјал кој е насобран во централниот дел на кејот, информираа надлежните.

Ова е дел од акцијата за комплетно чистење на градот која ја најави Ѓорѓиевски.

-Во акцијата за чистење од Град Скопје се вклучени сите екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје со сета расположлива механизација и работен капацитет и тие деновиве ќе работат до целосно расчистување на кејот на река Вардар, соопштија од претпријатието.