На 08.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом во скопско, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

А, на 08.11.2025 во 17:50 часот во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Е.Р.(29) од Кочани по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна вонбрачна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.