Лука Станковски, фудбалерот од средниот ред на Раднички Крагујевац верува дека мечот со Летонија може да ни донесе позитивни работи, посебно за фубалерите кои кои чекаат шанса и поголема минутажа во репрезентативниот дрес.
„Што се однесува до натпреварот со Летонија, како и секогаш, Македонија, оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар, да стекнеме самодоверба и да дојдеме до посакуваната победа.
Против Велс е клучниот натпревар од квалификациите. Се надевам дека овојпат нема да биде слично како против Белгија, но и тој натпревар беше дел од нашата тактика и успеавме да извлечеме добар резултат. Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Се надеваме на добар настап и на освоени три бода во Велс. Искрено, не мислам дека сè зависи од среќата, иако и таа е фактор во денешниот фудбал. Ние имаме јасна тактика и верувам дека тоа ќе биде клучот за успех“, рече Станковски.

Овој собир е во пресрет на двата последни натпревари за годинава, пријателскиот меч со Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел против Велс на 18 ноември во Кардиф.