Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 10 часот ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, во Владата, информираат од прес службата на владата.
По средбата следува потпишување на договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.




