СВР Штип и криминалистичката полиција при БЈБ целосно расчистија тешко кривично дело при кое била убиена 79 годишна жена од градот. За убиството се сомничи 74 годишен штипјанец со иницијали Д.А., кој претходно без нејзина воља ја држел во својот дом, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала. По убиството телото го закопал во дворот од куќата.

На 24-ти октомври, нејзината постара сестра пријавила во полиција дека Б.Н. излегла од нивниот дом и не се вратила. По преземени оперативни мерки, а поради сомнение дека 74 годишниот маж против правно ја држи во неговиот дом, на 10 ноември со судска наредба е извршен претрес при што се одземени неколку предмети и траги од крв. По претресот бил лишен од слобода, изречена му е мерка притвор во траење од 96 часа и спроведен во Затворот во Куманово.

По добиените вештачења на одземените траги и предмети, полицијата повторно еазговарала со осомничениот. Во изјавата, тој детално го опишал начинот на кој го извршил злосторството.

Телото на жената е пронајдено и дадено на обдукција, а судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 денови.