На денешен ден, 19 ноември се навршуваат 89 години од загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџи Панзов кој загина во 1936 година, учесник во Шпанската граѓанска војна, каде меѓу првите Македонци доброволци го положи својот млад живот. Тој бил доброволец вклучен во одбраната на Мадрид, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град, загинува македонскиот херој Ганчо Хаџи Панзов, како еден од првите Македонци жртви на Граѓанската војна во Шпанија.Тој во 1936 година ја напишал својата песна „Ќе се вратам“, но за жал никогаш не дочека да се врати во својата сакана татковина во слобода, како што пишуваше во стиховите.
Досега се доставени неколку иницијацити за именување на институции со името на Ганчо Хаџи Панзов.
Уште како ученик Ганчо Хаџи Панзов се вклучил во револуционерното движење на Велес, поради што бил исклучен од велешката гимназија.
Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминал за Скопје каде го продолжил своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работел како поштенски службеник.
Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служел воен рок во школата за резервни офицери во Скопје. Хаџи Панзов се вклучил во работата на синдикатите и станал член на Комунистичката партија на Франција.
По почетокот на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Хаџи Панзов се вклучил во организирање на доброволците кои преку Франција заминувале за Шпанија да војуваат на страната на шпанските републиканци во борбата против фашистите на генералот Франциско Франко. При крајот на септември 1936 година Хаџи Панзов и самиот заминал како доброволец да се бори во Шпанија против фашистите.
Бригадата брзо по формирањето, на почетокот од ноември била испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде во тек биле жестоки битки со фашистичките сили.
При офанзивата на републиканските сили на 19 ноември 1936 одина на фронтот кај Универзитетскиот град, загинал и македонскиот херој Ганчо Хаџи Панзов, како еден од првите Македонци жртви на војната.
МИА




